Утрински Весник
Свет

Кина: Речиси 60.000 пациенти со Ковид-19 починаа од 8 декември до 12 јануари

Експерти: Повеќе од милион луѓе во Кина би можеле да умрат од кoвид следната година

Кина денеска објави дека скоро 60.000 луѓе со Ковид-19 починале во болниците откако ненадејно ја прекина политиката на нулта толеранција за коронавирусот на почетокот на декември.

dobivaj vesti na viber

Помеѓу 8 декември и 12 јануари, вкупно 59.938 луѓе со просечна возраст од 80,3 години починале во кинеските болници од корона вирусот, рече Џиао Јахуи, директор на Бирото за медицинска администрација при Националната здравствена комисија, на брифинг за медиумите, објави Ројтерс.

Таа рече дека 5.503 смртни случаи се предизвикани од респираторни проблеми поради Ковид-19, додека 54.435 се резултат на комбинација на корона вирус и други болести.

Можете да прочитате

Макрон од говорницата на ОН: Франција ја признава Палестина како независна држава

Европа забележа над 62.700 смртни случаи од жештина во летото 2024

Признавањето на Палестина отвора ново прашање – кој ќе ја раководи