Главниот град на Кина, Пекинг, ги укина негативните тестови за ковид за влез на аеродроми, супермаркети и јавен превоз, соопштија денеска кинеските медицински власти.
Кинеските власти најверојатно утре ќе укинат уште некои мерки низ целата земја, врз основа на информации од два извори запознаени со плановите.
Кинеските власти продолжија да ги олеснуваат мерките за борба против ковид по серијата демонстрации минатиот месец, најголеми во Кина откако претседателот Шји Џинпинг ја презеде власта во 2012 година, и се чини дека ја напуштаат политиката на „нулта толеранција за ковид“, пренесува „Ројтерс“.
Укинувањето на мерките предизвика оптимизам кај инвеститорите, бидејќи претходните ограничувања во Кина се одразија на светската економија, која беше лошо погодена од поскапувањето на енергенсите поради војната во Украина.