Утрински Весник
Свет

Кина преговара со Иран за безбедно минување на нејзините бродови низ Ормускиот теснец

20260306083846 big 730x400 56.webp.webp

Кина преговара со Иран за да му се овозможи безбедно минување на бродовите што превезуваат сурова нафта и катарски гас низ Ормускиот теснец, објавија британските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори.

Разговорите се одржуваат на седмиот ден од војната меѓу Израел, САД и Иран, бидејќи стотици бродови се закотвени околу каналот, клучен воден пат за околу една петтина од светската нафта и гас, што ги зголеми цените на енергијата.


Ројтерс и Блумберг наведуваат податоци од следењето на бродовите што покажуваат дека танкер што се претставувал како кинески вчера поминал низ теснецот.

Кина е голем купувач на иранска нафта и ги осуди израелските и американските напади врз Иран.

Можете да прочитате

И Салвини со поддршка за Орбан по директните закани на Зеленски кон унгарскиот премиер

Цените на нафтата нагло пораснаа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон