Утрински Весник
Свет

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Image 2025 08 04 124919584.png

Националната метеоролошка служба на Кина денеска повторно воведе портокалово ниво за опасност од дождовни бури, предупредувајќи дека обилни дождови ќе погодат големи делови од земјата, јавија кинеските медиуми.

Од денеска до утре, дожд ќе врне во провинциите Цингхај, Гансу, Внатрешна Монголија, Шанси, Гуангдонг, Хонг Конг, Макао, Фуџијан, Јунан, како и Тајван, соопшти Националната метеоролошка агенција.


Се очекуваат до 350 мм дожд на места во Хебеј, Гуанси, Гуангдонг и источните крајбрежни провинции. Во некои области ќе има кратки врнежи од дожд до 88 мм на час, како и грмотевици и силни ветрови.

Метеоролошката агенција ги повика локалните власти да преземат неопходни мерки, да ги проверат речните системи во градовите и околу обработливото земјиште и да останат подготвени да реагираат при евентуални лизгања на земјиштето.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија