Утрински Весник
Свет

Кина повика на прекин на огнот и запирање на војната

Kina.webp.webp

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, е против војната на Блискиот исток.

„Ова е војна која никогаш не требаше да се случи – тоа е војна што никому не му носи добро“, изјави Ванг на прес-конференција во Пекинг.


Ванг ги критикуваше американско-израелските напади врз Иран, оценувајќи дека обидите за промена на режимот нема да добијат поддршка од народот. Пекинг, кој е најголем увозник на иранска нафта, претходно го осуди нападот и повика на прекин на воените операции и на зачувување на безбедноста во Ормутскиот Теснец, важен за глобалната економија.

Ванг, без директно да ги спомне САД, повика на почитување на суверенитетот на земјите на Блискиот Исток, избегнување употреба на сила, немешање во внатрешните работи на државите и политичко решавање на конфликтите

. „Обидите за промена на режимот нема да добијат поддршка од народот“, рече тој. Ванг, кој е и член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и со други високи дипломати веднаш по американските напади.

Можете да прочитате

Ердоган: Нашата главна цел е да ја држиме Турција подалеку од овој конфликт

Аксиос: САД се загрижени поради нападите на Израел врз магацините со гориво во Иран

Унгарската партија ФИДЕС поднесе предлог-закон за задржување на конфискуваните украински пари и злато