Утрински Весник
Свет

Кина од ОН: Испраќањето оружје на Украина нема да донесе мир

Кина: САД испраќаат многу погрешни и опасни сигнали

Заменик-амбасадорот на Кина во Обединетите нации Даи Бинг денеска на Генералното собрание по повод годишнината од украинската војна изјави дека „бруталните факти даваат доказ дека испраќањето оружје нема да донесе мир“.

dobivaj vesti na viber

Главен приоритет на Пекинг е да постигне прекин на огнот без одлагање, додаде Даи, велејќи дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во решавањето на кризата во Украина, објави „Гардијан“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез потврди дека неговата земја ќе испрати шест тенкови „Леопард“ во Украина и дека, доколку е потребно, ќе го зголеми бројот на 10.

Тој изјави дека Шпанија им понудила на украинските војници да поминат обука за „леопарди“.

Американски Официјален претставник рече дека би можело да потрае и до две години за да се испорачаат американските тенкови М1 Абрамс во Украина.

Во јануари, САД објавија дека во следните неколку месеци ќе испратат на Украина 31 тенк М1 Абрамс во вредност од 400 милиони долари.

Но, плановите за испорака сè уште не се прецизирани, ниту пак е одреден тајмингот, изјави секретарката на американската армија Кристин Вармут за Си-Ен-Ен.

Австралија ќе испрати беспилотни летала во Киев и ќе ги прошири санкциите против Русија, објави Киев Индипендент.

Вредноста на беспилотните летала ќе биде 33 милиони долари, а новите санкции ќе се однесуваат на руската армија, владини и медиумски личности,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина

Иранскиот претседател Пезешкијан во интервју за Такер Карлсон: „Сакаме мир, но ќе се браниме ако сме нападнати“

Силва: Светот нема потреба од император