Утрински Весник
Свет

Кина објави крај на воените вежби околу Тајван

20240525105714 Big 730x400 71.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кина објави крај на големите воени вежби, кои ги спроведува од четвртокот околу Тајван.Со тие вежби Кина сакаше да покаже дека се противи, според нејзината проценка, на сепаратистичките изјави на новиот тајвански претседател Лаи Чинг-те.

Кинеската војска „успешно ги заврши“ вежбите „Заеднички меч 2024А“ насочени кон Тајван, објави кинеската државна телевизија CCTV-7, која известува за воените работи.

Војската во четвртокот објави дека започнала дводневни маневри.

Тие беа наменети да симулира блокада на Тајван и вклучија копнени, поморски и воздушни сили, како и единици одговорни за стратешки ракети.

Вежбите главно се изведуваа во Тајванскиот теснец.

Можете да прочитате

Франција го гради најголемиот воен брод во Европа

Орбан: ЕУ е во состојба на распаѓање

Трамп се закани дека ќе им ги одземе концесиите за телевизиите кои го критикуваат