Утрински Весник
Спорт

Кина на игрите во Париз со 11 пливачи кои беа позитивни на допинг

20240619193257 Big 730x400 68.webp.webp

Кина на претстојната Олимпијада во Париз ќе испрати 11 пливачи кои во 2021 година наводно беа позитивни на допинг, а подоцна беа ослободени од обвинувањата.

Американскиот дневен весник Њујорк Тајмс и германски АРД во април објавија дека 23 кинески пливачи биле позитивни на триметазидин, супстанца која може да ги подобри перформансите. Сепак, кинеските пливачи не беа санкционирани бидејќи Светската антидопинг агенција (ВАДА) тогаш заклучи дека тие не се допингувале, туку биле жртви на контаминација со храна.

Целиот случај предизвика бура бидејќи по информациите објавени од Њујорк Тајмс и АРД, американската анти-допинг агенција (УСАДА) соопшти дека ВАДА настојува да ги стави „овие позитивни случаи под тепих‘“.

Неколкумина од овие кинески спортисти кои беа позитивни во 2021 година освоија медали на Олимписките игри во Токио. Од нив, вкупно 11 се наоѓаат на кинескиот список за натпреварите во пливање на Игрите во Париз од 26 јули до 11 август.

Меѓу нив се двократниот олимписки првак од Токио, Џанг Јуфеи, и Ванг Шун, олимпискиот шампион на 200 метри мешано.

Можете да прочитате

Навивач скокна од трибините кон Роналдо, нов безбедносен пропуст во Германија

За прв пат во кариерата Роналдо не постигна гол во групната фаза на некој голем турнир

Формирани двојките за осминафиналето на Евро 2024