Утрински Весник
Економија

Кина инвестира огромни пари во индустријата за чипови

Кина инвестира огромни пари во индустријата за чипови

Кина планира пакет помош во вредност од повеќе од 135 милијарди евра за да ја развие својата полупроводничка индустрија, соопштија три извори.

dobivaj vesti na viber

Пекинг планира да одобри еден од своите најголеми фискални стимулативни пакети за пет години, главно преку субвенции и даночни олеснувања за да го поттикне производството и истражувањето на полупроводници, велат изворите. Планот, кој како што велат би можел да се реализира веќе во првиот квартал од следната година, се уште не е објавен.

Се подразбира дека најголемиот дел од финансиската помош ќе биде искористена за субвенционирање на набавка на домашна полупроводничка опрема од кинески компании. Компаниите ќе имаат право на субвенција од 20 проценти за трошоците за набавка.

Кина објави дека развојот на нејзината индустрија за чипови е политички приоритет. Планот за фискална поддршка доаѓа откако американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот во август со кој се обезбедуваат грантови од 52,7 милијарди долари за производство и истражување на полупроводници во САД, како и околу 24 милијарди долари даночни олеснувања за фабриките за чипови.

Со стимулативниот пакет, Пекинг има за цел да ја зајакне поддршката за кинеските производители на чипови за изградба, проширување или модернизирање на домашните капацитети за производство, склопување, пакување и истражување и развој, велат изворите. Последниот план на Кина вклучува и повластена даночна позиција за домашната индустрија за полупроводници.

Можете да прочитате

СДСМ: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

Трипуновски: „Македонско најдобро” со поддршка од Стопанската комора, македонските производи ќе го носат логото на кампањата

Ревизија: ЕСМ струјата ја продава по двојно пониска цена од производната