Утрински Весник
Свет

Кина ги обвини САД за кибер напади врз Националниот центар за време

Usa china.webp.webp

Кина ги обвини САД за кибер напади врз Националниот центар за време, институција задолжена за генерирање, одржување и емитување на стандардното време во Кина, пренесуваат денеска кинеските медиуми.

Официјален Пекинг ги обвини САД за кражба на тајни податоци и инфилтрирање во центарот предупредувајќи дека овие кибер напади би можеле да ги нарушат комуникациските мрежи, финансиските системи, снабдувањето со електрична енергија и меѓународното стандардно време.


„Веќе долго време, Агенцијата за национална безбедност на САД спроведува операција за кибер напад против Националниот центар за време“, соопшти Министерството за државна безбедност на Кина на својот профил на мрежата WeChat.

Можете да прочитате

За денеска низ САД најавени масовни протести против Трамп

Голем антидесничарски протест во Лондон

Еден месец од нападот врз Иран, до каде се целите на Трамп?