Утрински Весник
Свет
Img 7972

Кина ги обвини САД дека го претвориле Тајван во „складиште за муниција“

Кина ги обвини САД дека го претвориле Тајван во „складиште за муниција“
300x250 opst2

Кина денеска ги обвини САД дека го претвориле Тајван во „складиште за муниција“ откако Белата куќа објави нов пакет воена помош за Тајван во вредност од 345 милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Кинеската канцеларија за прашања на Тајван издаде соопштение во кое изразува противење на американската воена помош за отцепениот остров, кој Кина го смета за своја територија, пренесува АП.

„Без оглед на износот на парите на тајванските даночни обврзници потрошени од сепаратистичките сили во Тајпеј, без разлика колку американско оружје добиваат, тоа нема да ја разниша нашата решеност да го решиме проблемот со Тајван. Нема ни да ја разниша нашата цврста волја да постигнеме повторно обединување на нашата татковина“, изјави Чен Бинхуа, портпарол на кинеската канцеларија во Тајван.

Тој оцени дека активностите на властите во Тајван се буре барут, што ја зголемува опасноста од војна во Тајванскиот теснец.

Во последниве години, Кинеската Народноослободителна армија ги зголеми своите воени маневри кон Тајван, испраќајќи борбени авиони и воени бродови да кружат околу островот.

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека го следи движењето на шест бродови на кинеската морнарица во близина на островот.

Соединетите Држави објавија нов пакет воена помош за Тајван од 345 милиони долари во петокот, но администрацијата на Бајден одби јавно да даде детали за содржината на пакетот, објави претходно Ројтерс.

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир