Утрински Весник
Свет

Кина е во многу тешка позиција поради војната во Украина, вели кинескиот амбасадор

Кина е во многу тешка позиција поради војната во Украина, вели кинескиот амбасадор

Амбасадорот на Кина во Европската унија изјави дека Пекинг „не сака да избира меѓу пријатели“ и дека Кина се нашла во „многу тешка позиција“ поради руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи за South China Morning Post, Фу Конг рече дека конфликтот во Украина, кој тој го опиша како „т.н. специјална операција“ и „украинска криза“, ги нарушил односите меѓу Кина и ЕУ.

„Ние се гледаме себеси како колатерална жртва на таа криза“, рече амбасадорот, а потоа додаде: „И Русија и Украина се наши добри пријатели и не сакаме да избираме меѓу пријатели. Тоа е нашата почетна позиција“.

Фу Конг тврди дека кинескиот претседател Си Џинпинг разговарал со рускиот претседател Владимир Путин еден ден по почетокот на руската инвазија на Украина и „јасно се залагал за обид да се најде мирно решение“.

Амбасадорот негираше дека Кина и дала каква било воена помош на Русија.

„Нашата позиција е многу избалансирана, мора да признаете. Ние сме подготвени да се вклучиме во секој обид за постигнување мирно решение“.

Сепак, официјален Пекинг се уште отворено не ја критикувал руската инвазија на Украина. На почетокот на декември, кинескиот претседател Си Џинпинг рече дека сака војната да заврши преку мировни преговори.

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ