Утрински Весник
Свет

Кина бара од САД да ја откажат продажбата на оружје на Тајван

Кина бара од САД да ја откажат продажбата на оружје на Тајван

Синоќа Кина ипратила известување до САД дека ќе преземе контра-мерки доколку не се откаже од штотуку најавената продажба на оружје на Тајван, изјавил портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон, пишуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

„Кина решително ќе преземе легитимни и неопходни контрамерки со оглед на ситуацијата“, рекол портпаролот Лиу Пенџи во изјавата.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден претходно синоќа објавила дека продава оружје во вредност од 1,09 милијарди долари на Тајван.

Стејт департментот соопштил дека станува збор за ракети воздух-море Харпун, ракети воздух-воздух Sidewinder и, во најголем дел, пакет за логистичка поддршка за програмата за радарско набљудување на Тајван.

Стејт департментот соопштил дека опремата му била потребна на Тајван за да се одржи доволна способност за самоодбрана. Администрацијата синоќа го известила Конгресот за продажбата.

Директорката на Белата куќа за Кина и Тајван, Лаура Розенберг изјавила доцна синоќа дека додека Пекинг продолжува да го зголемува притисокот, вклучително и зголеменото воено воздушно и поморско присуство околу Тајван и додека се обидува да ја промени статус кво ситуацијата во Тајванскиот теснец, САД го обезбедуваат остроот што е потребно за да се одржат неговите самоодбранбени способности.

Острата реторика меѓу САД и Кина во однос на Тајван значително се засили по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван минатиот месец. По нејзината посета, неколку претставници на американскиот Конгрес го посетија островот, што Кина исто така остро го осуди, стои во написите.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина