Утрински Весник
Свет

Кина бара од Меѓународниот суд на правдата да донесе одлука за израелската окупација на палестинските територии

Sud Hag.jpg

Правниот советник на кинеското Министерство за надворешни работи Ма Сингмин денеска побара од Меѓународниот суд на правдата во Хаг да ја прогласи израелската окупација на палестинските територи за незаконска.

„Поминаа 57 години од почетокот на израелската окупација. Нелегалната природа на окупацијата и суверенитетот над окупираните територии остануваат непроменети“, рече Ма пред судот во Хаг, кој сослушува аргументи од повеќе од 50 земји оваа недела по барањето на Генералното собрание на Обединетите нации во 2022 година да издаде своe необврзувачко мислење за правните последици од израелската окупација.

Сослушувањата се дел од напорите на Палестинците да ги принудат меѓународните правни институции да го истражат однесувањето на Израел, особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и воениот одговор на израелската армија во кој загинаа околу 29.000 Палестинци во Појасот Газа.

Израел, кој не учествува во дискусиите, во писмен коментар рече дека мешањето на судот може да биде штетно за евентуалното постигнување договор.

Палестинските претставници во понеделникот (19 февруари) побараа од судиите да ја прогласат окупацијата на Израел за нелегална, додавајќи дека нивното мислење може да помогне да се постигне решение за две држави.

Се очекува на судиите да им требаат околу шест месеци да се изјаснат за израелската окупација.

Можете да прочитате

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Новинар тврди: Албанските спортисти на отварањето на ОИ вееле лажно знаме