Утрински Весник
Свет

Кина ја гради најголема хидроцентрала на Тибет, Индија и Бангладеш загрижени

China Flag.jpg

Кинескиот премиер Ли Кианг најави почеток на изградбата на најголемата хидроелектрана во светот, лоцирана на источниот раб на Тибетската Висорамнина. Проектот вреден 170 милијарди долари е дел од напорите на Кина за проширување на обновливите извори на енергија.

Браната ќе се состои од пет каскадни хидроелектрани во долниот тек на реката Јарлунг Цангпо и според плановите ќе има годишен капацитет од 300 милијарди киловат-часа електрична енергија.


Иако Пекинг тврди дека проектот нема значително да влијае врз животната средина и протокот на вода во долниот тек, Индија и Бангладеш изразија сериозна загриженост, како и бројни невладини организации.

Сѐ уште не е познато колку луѓе ќе бидат раселени и какви ќе бидат последиците за локалниот екосистем, кој е еден од најбогатите и најразновидните на Висорамнината.

Можете да прочитате

Министерот за финансии на САД: Имаме „куп“ пари за војна со Иран

Иран: Ако САД ни ги нападнат електраните, целиот регион ќе биде без струја и вода

Куба се подготвува за можна инвазија од страна на САД