Утрински Весник
Магазин

Ким Кардашијан е новата сопственичка на накит што го носеше принцезата Дијана

Ким Кардашијан е новата сопственичка на накит што го носеше принцезата Дијана
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По нејзиното појавување на „Мет-гала 2022“ во фустан на Мерлин Монро, Ким Кардашијан изрази благодарност за уште едно парче од модната историја: приврзок што некогаш го носеше принцезата Дијана.

dobivaj vesti na viber

Американската реалити ѕвезда го купи крстот Аталах, уникатно парче накит од аметист, кој принцезата Дијана го носеше во посебни пригоди.

Приврзокот во облик на крст има големи камења од аметист, врамени со дијаманти од 5.2 карати.

Накитот беше ставен на продажба во „Сотби’с“ во Лондон во рамки на аукцијата на кралска благородна колекција (Sotheby’s London Royal and Noble), во средата.

Кардашијан го купи приврзокот за 197.453 долари, победувајќи уште тројца други наддавачи во последните пет минути од продажбата. Според „Сотби’с“, сумата била повеќе од двојно поголема од неговата проценета вредност пред аукцијата.

Како и чантата Лејди Диор што ја овековечи, принцезата Дијана го претвори крстот Аталах во култно модно парче кога го носеше на гала за поддршка на Birthright, добротворна организација која се залага за човековите права за време на бременоста и породувањето, во октомври 1987 година.

Можете да прочитате

Три чаеви кои ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден

Детето не треба да биде „малиот терапевт“ за родителот

Салеп – топол напиток – 24info.mk