Утрински Весник
Спорт

Кил и Барса убедливи на почетокот на новата сезона во ЛШ

Кил и Барса убедливи на почетокот на новата сезона во ЛШ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кил и Барселона веднаш покажаа дека ќе се меѓу фаворитите за титулата во ракометната Лига на шампионите со убедливи победи во првото коло од елитното европско натпреварување, во кое првпат по подолго време го нема македонскиот Вардар.

dobivaj vesti na viber

Барселона почна лошо против Пик Сегед дозволувајќи унгарскиот тим да има предност од еден гол (15:14), но и покрај лошата дисциплина (пет исклучувања), не дозволија изненадување и стигнаа до 35:28 гостинска победа.

Кил, пак, покажа заби против Елверум победувајќи со големи 10 гола разлика (36:26). И без Сандер Сагосен, бундеслигашот водеше од стартот до финишт на мечот предводен од Харалд Реинкинд (6 гола) и Патрик Винцек и Никлас Екберг (по 5 гола).

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
ГРУПА А
ППД Загреб – ГОГ 20.45 ч
ГРУПА Б
Кил – Елверум 36:26 (17:13)
Пик Сегед – Барселона 28:35 (15:14)
Кјелце – Нант 20.45 ч

Можете да прочитате

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот