Утрински Весник
Економија

Kiko Milano те чека во Сити Мол

Kiko Milano те чека во Сити Мол

Откако веќе неколку месеци продавницата на Kiko Milano успешно работи во Ист Гејт Мол, време беше за ново поглавје во кое едвај чекаме да продолжиме заедно да ја раскажуваме приказната за вашите омилени производи.

dobivaj vesti na viber

Отсега, целата козметика која е љубов на прв поглед, можете да ја најдете уште поблизу до вас, и тоа во трговскиот центар Сити Мол каде ве очекуваат неодоливи промоции.

Fashion Group

По повод отворањето, со секоја сметка над 990 денари, добивате подарок несесер, совршен за организација на сите супер производи што ќе ги одберете.

Сосема подготвени за летото, во новата продавница на брендот ќе ги најдете сите висококвалитетни производи соодветни за сечиј тип на кожа, со кои ќе блеснете на секој повод овие топли денови.

Не двоумете се и одберете производи од новата колекција на Kiko Milano едноставно наречена „Festival Glow“, полна уникатни и светкави парчиња совршени за сите забави ова лето.

Fashion Group

Во новата продавница на брендот ве очекуваат и сите класици со потпис на истиот, како долготрајните кармини во неодоливи бои, руменилата во нијансите на летото, лаковите што секогаш ги обожаваме, но и сите култни производи за нега на кожата како најзначаен сегмент.

Токму во време на исклучително високи температури, бидете сосема слободни кога е вашата кожа во прашање и одберете ја најдобрата козметика која знаете дека секогаш ја заслужувате.

Fashion Group

Дозволете си вистинско разгалување со производите на Kiko Milano, отсега, уште поблиску до вас, за целосно уживање во она што секогаш го заслужувате – посебна грижа за сопственото тело.

Спакувани во неодоливи изданија, направени според клинички тестирани формули, толку елегантни и секогаш во исклучителни бои, производите на Kiko Milano ве очекуваат во новата продавница на брендот на приземје во Скопје Сити Мол.

(ПР текст)

Можете да прочитате

ССКМ демантира дека Претседателот Ангеловски демантира дека е разрешен, обвинува за фалсификат

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”

„Кој купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“