Утрински Весник
Магазин

KIDS DISCO – Новата предновогодишна детска забава во МКЦ

Img 5b582310da11f1043343ea2b2197dafe v.jpg

Во Младинскиот културен центар – Скопје, на 28 декември (недела) со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи специјално издание на детската предновогодишна забава KIDS DISCO, наменета за деца од 2 до 12 години. Настанот носи современа, возбудлива и безбедна детска забава, инспирирана од традицијата на популарните дискотеки за деца од 90-тите, кои токму во МКЦ имаа свој препознатлив дом.

Идејата за KIDS DISCO се роди од желбата да се врати духот на детското диско од 90-те, што некогаш беше омилено место за забава во Младинскиот Културен Центар. Со оваа иницијатива, сакаме да создадеме модерна верзија на таа магија: сигурна, креативна и незаборавна забава за најмладите, во духот на едно убаво детство. KIDS DISCO Е ОМАЖ НА ЕДНА ТРАДИЦИЈА КОЈА ЗАСЛУЖУВА ДА ПРОДОЛЖИ, ОВОЈ ПАТ СО НОВ РИТАМ И МНОГУ ПОВЕЌЕ БОЈА.
Настанот е креиран во соработка со педагози и детски професионалци, со цел да обезбеди квалитетна, културна и контролирана атмосфера, каде најмладите посетители ќе уживаат во забавна и динамична програма, специјално прилагодена за нивната возраст.

Програма и активности:
• Детски DJ со внимателно селектирана музика
• Маскоти и интерактивни игри
• Професионални акробатски настапи
• Аниматори, игри, танци и бројни изненадувања
• Face painting и моделирање балони
• Безбедносни стандарди и контролирана атмосфера за најмладите

Организаторите истакнуваат дека целта на KIDS DISCO е да се креира модерно, забавно и едукативно искуство, кое ќе ја врати магијата на едно убаво детство, истовремено прилагодено на денешните стандарди на безбедност и креативна анимација.

Редовната цена на билет е 400 денари и истите се достапни преку продажната мрежа на www.kupikarta.com.

Можете да прочитате

Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот