Утрински Весник
Македонија

КХС за викендот собрала 70 кубни метри непрописно одложен отпад

Viber Image 2024 11 08 17 58 30 877.jpg

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување десетина диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Карпош.

Во општината Чаир е интервенирано на улицата Самоилова, каде што во непосредна близина на Музејот на современата уметност се подигнати приближно 15 кубни метри градежен отпад одложен на сообраќајна површина.

 Во општината Центар се расчистени вкупно 10 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на неколку локации долж улицата Орце Николов.

На улицата Февруарски поход во скопската општина Аеродром се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен органски отпад, додека на булеварот Партизански одреди кај Порта Влае и на улицата Московска – во општината Карпош, беа отстранети 20 кубни метри кабаст отпад одложен на јавни површини.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија и обемна дива депонија лоцирана на улицата Димо Хаџи Димов во скопската општина Кисела Вода, каде што се подигнати и транспортирани 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег