Утрински Весник
Свет

КФОР: Единствениот пат до мир за Белград и Приштина – дијалог и почитување на правата на сите

КФОР: Единствениот пат до мир за Белград и Приштина – дијалог и почитување на правата на сите

„Единствениот начин за мир за Белград и Приштина е да се решат отворените прашања преку дијалог, како и да се најде решение кое ќе ги почитува правата на сите заедници“, напишаа од КФОР на Твитер.

dobivaj vesti na viber

Мисијата на НАТО на Косово укажува дека е важно да се избегнат какви било нови ескалации.

„КФОР останува исклучително буден и во полн капацитет да го исполни својот мандат на ОН“, велат од мисијата.

Претходно, КФОР во врска со последните тензии на Косово и барикадите што ги поставија Србите на главните патишта на север, истакна дека нема да толерираат насилство и дека нивната прва задача е да обезбедат слободно движење на Косово.

Можете да прочитате

Висок американски функционер за борба против тероризмот поднесе оставка поради војната со Иран

Eвропските дипломати ја отфрлија идејата за проширување на поморската мисија на ЕУ „Аспидес“

Полска нема да испраќа војници во Иран