Утрински Весник
Магазин

Кевин Костнер им кажал на децата за разводот преку „Зум“, тврди поранешната сопруга

Кевин Костнер им кажал на децата за разводот преку „Зум“, тврди поранешната сопруга
Dik 300x250 mk

Кевин Костнер им соопштил на своите три деца за разводот од нивната мајка во текот на 10-минутен повик преку апликацијата „Зум“, тврди неговата отуѓена сопруга Кристин Баумгартнер во новите судски документи.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата на „Телохранител“ (68) е среде правна битка со Кристин (49), откако таа поднесе барање за развод во мај по 18 години брак.

Судските документи, наводно, покажуваат дека тој сам ги известил нивните деца за разделбата преку „Зум“, и покрај надежите на Кристин дека ќе ја пренесат веста заедно.

Парот заедно има три деца, Кејден (16), Хејс (14) и Грејс (13). Костнер има и четири возрасни деца од претходните врски.

 

Според „Пипл“, Кристин во документите наведува дека Кевин бил на локација во Лас Вегас кога на нивните деца им кажал за разделбата: „По 24 години врска, од неговата хотелска соба во Лас Вегас, Кевин им кажал на нашите три деца дека ние се разведуваме, и тоа го сторил во текот на 10-минутен разговор на Зум без мое присуство.“

„Сè уште сум збунета од неговиот мотив да го стори тоа на таков начин, особено затоа што планираше да биде дома пет дена подоцна.“

„Тој можеше лесно да се врати дома од Лас Вегас за да разговара лично,“ вели таа и додава дека сакала да биде присутна кога ќе им ја соопштат веста за разводот.

Ова доаѓа откако „Пипл“ објави дека Кристин барала тој да плаќа месечна издршка од 248.000 долари за да покрие дел од трошоците за подигање и развој на нивните три малолетни деца.

Според документите до кои дојде „Пипл“, Кристин тврди дека готовината што се бара за грижа за децата е помалку од износот потребен за одржување на нивниот вообичаен начин на живот.

Можете да прочитате

Потребни се донации: Двајцата родители останале без работа, а имаат 9 месечно бебе и се во многу лоша состојба

Славски колач за Света Петка – црковен рецепт стар со векови

Кога треба да ставиме зимски гуми