Кевин Дурент, еден од најдобрите играчи во НБА лигата, кариерата ќе ја продолжи во Феникс Санс. За возврат, Бруклин Нетс ги добија Микел Бриџис, Камерон Џонсон, Џеј Краудер и четири пикови од првата рунда, објавија Адријан Војнаровски и Шамс Чаранија.
Заедно со Дурент, Феникс ќе го добие и Ти Џеј Ворен.
Бруклин Нетс реши повторно да започне со обнова на тимот, откако неодамна беше трејдуван Кајри Ирвинг, а сега со заминувањето на Дурант и официјално заврши оваа многу неуспешна ера во историјата на Нетс.
Бруклин доби незаштитен избор од првиот круг на драфтот во 2023, 2025, 2027 и 2029 година од Санс, што заедно со Бриџис и Џонсон е голем залог за иднината.
Од друга страна, Санс сега веројатно се главните претенденти за титулата, бидејќи во составот ги имаат Крис Пол, Девин Букер, Кевин Дурант и Деандре Ајтон.