Франк Кеси ќе се врати во Серија А по само една полусезона во дресот на Барселона, најавуваат италијанските медиуми. Тој би можел повторно да го облече дресот на Милан, овој пат како позајмен играч од Барса.
Кеси дојде како големо засилување на „Камп ноу“, но тренерот Чави очигледно не е задоволен од неговите настапи на почетокот од сезоната.
Дури е подготвен и да се ослободи од него. Вредноста на Кеси изнесува околу 40 милиони евра, а тој е незадоволен затоа што не ја добива посакуваната минутажа.
Милан би го вратил на заем со право на откуп на крајот од сезоната.