Пејачката Кеша и нејзиниот поранешен менаџер Др Лук постигнаа договор во нивната долгогодишна правна битка неколку недели пред да одат на судење.
Пејачката (36) и музичкиот продуцент (49) беа заглавени во долга правна битка откако таа поднесе тужба обвинувајќи го дека ја дрогирал и силувал по една забава, што го натерало тужениот – кој ги негираше обвиненијата – да поднесе противтужба за клевета.
Во заедничката изјава објавена во четвртокот, а која пејачката ја сподели на Инстаграм-стори, се наведува: „Кеша и д-р Лук се согласија за решавање на тужбата и се согласија да издадат и објават заедничка изјава во врска со спогодбата“.
Понатаму стојат две одделни изјави од двајцата.
Кеша, во својот дел од објавата со бели големи букви на црна позадина пишува: „Само Бог знае што се случи таа ноќ. Како што секогаш велев, не можам да раскажам сè што се случи тогаш. Со нетрпение очекувам да ја затворам вратата на ова поглавје од мојот живот и да започнам ново.“
Др Лук, роден Лукаш Себастијан Готвалд, остана на своето тврдење дека е невин во својата изјава под пораката на Кеша.
„Иако ценам што Кеша повторно призна дека не може да раскаже што се случи таа ноќ во 2005 година, јас сум апсолутно сигурен дека ништо не се случило. Никогаш не ја дрогирав ниту ја нападнав и никогаш не би го направил тоа никому.“
„За доброто на моето семејство, енергично се борев да го исчистам моето име речиси 10 години.“
„Време е да ја оставам оваа тешка работа зад мене и да продолжам со мојот живот. На Кеша ѝ посакувам добро.“