Утрински Весник
Спорт

Кепа Аризабалага ќе го брани голот на „кралевите“

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Кепа Аризабалага ќе биде нов голман на Реал Мадрид. Тој доаѓа на позајмица од Челси, без задолжителен откуп на договорот на крајот од сезоната.

По тешката повреда на Тибо Куртоа, за кого оваа сезона е завршена, Реал Мадрид мораше брзо да реагира и реши да го доведе Кепа.

Се споменуваше Бону од Севилја, но за неговиот трансфер Андалузијците бараа дури 20 милиони евра, што Реал не го прифати.

Шпанецот преговараше со Баерн Минхен и беше блиску до заминување на „Алијанц арена“, но потоа дојде повикот од Реал, кој промени сѐ.

Кепа Аризабалага беше блиску до Реал во 2018 година, но потоа Челси плати 80 милиони евра и го донесе од Атлетик Билбао на „Стемфорд бриџ“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина