Утрински Весник
Свет

Кенеди: Бајден е многу поголема закана за демократијата од Трамп

677z381 Robert Kenedi Junior Epa Efe Clemens Bilan.jpg

Џо Бајден претставува многу поголема закана за демократијата отколку поранешниот шеф на Белата куќа, Доналд Трамп, изјави независниот кандидат за претседател на САД Роберт Кенеди Џуниор во интервју за Си-Ен-Ен. Тој, исто така, истакна дека Бајден е првиот американски лидер кој ги користи федералните агенции за да ги цензурира своите политички противници.

„Претседателот Бајден е многу поголема закана за демократијата. А причината за тоа е затоа што претседателот Бајден е првиот кандидат, првиот претседател во историјата кој користел федерални агенции за цензурирање на политички говор и цензурирање на својот противник“, рече Кенеди.

„Можам да зборувам за тоа бидејќи штотуку добив случај во федералниот апелационен суд, а потоа и во Врховниот суд. И овој случај покажа дека почна да ме цензурира не само мене. Само 37 часа откако положи заклетва како претседател, тој веќе ме цензурираше. Ниту еден претседател на нашата земја никогаш не го направил тоа, изјави Роберт Кенеди.

„Најголемата закана за демократијата не е човек да ги преиспитува резултатите од изборите, туку претседателот на Соединетите држави да ја користи својата претседателска моќ за да ги принуди компаниите за социјални медиуми како Фејсбук, Инстаграм, Твитер да отворат портал и да дозволат пристап до ФБИ, ЦИА, ИРС, Агенцијата за сајбер-безбедност и инфраструктурна безбедност и Националниот институт за здравство да ги цензурираат неговите политички критичари.
Претседателот Бајден е првиот претседател во историјата кој ја искористил својата моќ над Тајната служба за да ускрати заштита на еден од неговите политички противници од политички причини. Тој користи федерална агенција како оружје. Ова се навистина критични закани за нашата демократија“, рече Кенеди.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk