Утрински Весник
Спорт

Кембриџ 86. пат го победи Оксфорд

Кембриџ 86. пат го победи Оксфорд

Кембриџ ја забележа 86. победа на традиционалната регата во веслање против Оксфорд, која во неделата се одржа по 168. пат на реката Темза во Лондон.

dobivaj vesti na viber

„Небесно сините“ во состав: Мет Ејџ, Брет Тејлор, Ноам Мали, Себ Бензехри, Томас Линч, Ник Мејхју, Оли Периш, Лука Фераро и Џаспер Периш (кормиларн), патеката долга 6779 метри ја мина за 18 минути и 17 секунди.

Тимот на тренерот Роб Бејкер ги надминаа своите ривали за нешто повеќе од должина на чамецот, поточно за четири секунди, за да ја постигнат својата четврта победа во последните пет трки.

Воедно, Кембриџ победи и во женската трка со време од 20:28 минути и ја забележа 47. победа. Од ривалките од Оксфорд беа побрзи за 13 секунди.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина