Утрински Весник
Магазин

Кејт Мидлтон се извини за монтираната фотографија

2227680 1 1.jpeg

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, за прв пат проговори откако во јавноста беше објавена очигледно монтирана фотографија од неа и нејзините деца.

Многу новински агенции ширум светот ја повлекоа официјалната фотографија на принцезата од Велс објавена на Денот на мајката. Кесингтонската палата сега се соочува со бројни прашања откако фотографијата на Кејт Мидлтон која беше објавена на официјалните профили на кралското семејство, наиде на бурни реакции од фотоагенциите и обожавателите. Тие тврдат дека фотографијата на која е прикажана принцезата од Велс како седи опкружена со нејзините три деца дека е „манипулација на јавноста“, а обожавателите посочуваат на грешки кои наводно докажуваат дека се работи за монтажа.

Кејт Мидлтон се огласи по големата прашина што се крена во јавноста.

„Како и многу аматери фотографи, повремено експериментирам со уредувањето. Сакав да упатам извинување за збунетоста предизвикана од семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека сите што слават имаа среќен ден на мајката“ – изјави Кејт Мидлтон на платформата Х.

Фотоагенциите, вклучително Ројтерс, АП, Гети и АФП ја повлекоа фотографијата со образложение дека постои можноста за дигитална манипулација.

„При повнимателна проверка, се чини дека изворот манипулирал со сликата. Задолжително „убијте ја“ сликата“ – стои во образложението од новинските агенции по повлекувањето на монтираната фотографија од кралското семејство.

– Ова е штетно за кралското семејство. Тие знаеја дека ќе има голем интерес за секоја слика што ќе ја објават по операцијата на Кејт. Нивниот предизвик е што сега луѓето ќе се прашуваат дали и кога може да им се верува и кога следен пат ќе издадат соопштение за напредокот на закрепнувањето на принцезата – истакнува кралскиот коментатор Пинтер Хант.

Очигледните грешки во уредувањето додадоа масло на огнот на приказните кои моментално ја опкружуваат принцезата од Велс.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста