Утрински Весник
Магазин

Кејт Мидлтон се извини поради монтираната фотографија

20240311122829 big 730x400 95.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, за првпат проговори откако во јавноста беше објавена фотографија од неа и нејзините деца, која агенциите ја повлекоа поради сомневање дека е монтирана.

– Како и многу фотографи аматери, повремено експериментирам со монтирање. Сакам да го изразам моето извинување поради конфузијата што ја предизвика семејната фотографија што ја споделивме вчера.

Се надевам дека сите што слават имаа среќен Ден на мајката, порача Кејт Мидлтон.

Повеќе светски агенции ги повикаа медиумите да ја „избришат“ фотографијата од нивните системи и архиви откако сликата беше објавена во неделата.

Тие наведоа дека фотографијата покажува „недоследност во порамнувањето на левата рака на принцезата Шарлот“.

Според агенциите, фотографијата имала многу „нелогичности“ поради што е разумно да се сомнева дека е исценирана. 

Можете да прочитате

Нова теорија: Вулканска ерупција предизвикала домино-ефект и ја донела чумата од 14 век во Европа

Јуфки со блитва и печурки

Дедо Мраз меѓу традицијата и вистината