Утрински Весник
Магазин

Кејт и Вилијам ја објавија традиционалната божиќна фотографија

Кејт и Вилијам ја објавија традиционалната божиќна фотографија
Dik 300x250 mk

Како и секоја година, принцот Вилијам и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, објавија божиќна фотографија од семејството, која ќе ја краси нивната божиќна честитка.

dobivaj vesti na viber

На фотографијата се гледаат принцот Вилијам и неговата сопруга како шетаат низ нивниот имот во Норфолк држејќи се за рака со своите деца, деветгодишниот принц Џорџ, седумгодишната принцеза Шарлот и четиригодишниот принц Луис.

Сите петмина се насмеани и изгледаат релаксирано, а особено е интересно да се видат во секојдневна облека. Принцот Вилијам носи темносина кошула и фармерки, Кејт бела кошула, тесни фармерки и бели патики, младите принцови се во маици и панталони со куси ракави, а малата принцезата е во тексас-комбинезон.

Можете да прочитате

Синот на Тони Михајловски за борбата со зависноста: „Не можев да се замислам без да дувам и да пијам“

Денеска се празнува Светиот апостол Јаков

Ова се четирите најверни хороскопски знаци