Утрински Весник
Спорт

Кејн и Мегваер се подготвени за САД

Кејн и Мегваер се подготвени за САД
Dik 300x250 mk

Капитенот на Англија Хари Кејн и централниот дефанзивец Хари Мегваер ќе му бидат на располагање на Герет Саутгејт за второто коло на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот на Тотенхем заработи повреда на зглобот при победата над Иран од 6:2 и многумина на Островот беа загрижени дека ќе го пропушти натпреварот против САД. Кејн, сепак, веќе тренира и може да игра.

Мегваер седна на тревата по првиот гол на Иран, се шпекулираше дека добил потрес на мозокот. Саутгејт денеска откри дека капитенот на Манчестер јунајтед бил болен и дека поради тоа не се чувствувал добро.

„Хари Кејн е добро. Понекогаш тренира одвоено од групата, но сè е во ред за петок навечер. Вчера помина низ скенерот за да се увери дека сè е во ред. На Хари Мегваер му се слоши и поради тоа го повлеков од теренот. Во тој момент бевме загрижени дека може да има потрес на мозокот, но внимателно беше прегледан и немаше ништо слично. Тој е во добра форма“, изјави Саутгејт за Би-би-си.

Можете да прочитате

Беќири: Ваквите победи се послатки

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации