Утрински Весник
Македонија

Казни за 809 возачи во државата, 232 за брзо возење, поставувањето на камерите се очекува да биде завршено во текот на оваа година

Policija Stopira Janevska I.jpg

Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ државава, издадени беа 809 платни налози, додека пак наплатени беа 486 прекршочни платни налози, соопшти МВР.

Притоа, забележлив бил континуитетот на актуелниот статистички тренд во поглед на сторените прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. И натаму најбројни се случаите на непрописно паркирање (264), и прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената (232). Во шест случаи откриени се алкохолизирани возачи, 11 возачи минале на црвено светло, а прекршочни пријави заработиле 18 пешаци. Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 46 казни, по основ на недозволено говорење на мобилен телефон при возење – 23 прекршоци, а во 56 случаи откриени се возачи што управувале возила без возачки дозволи.


Инаку, за очекување е дека завршувањето на активностите на кои што Министерството работи изминативе месеци – законските измени што треба да овозможат оперативно функционирање на проектот, односно системот за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци, односно за нов дигитализиран и автоматизиран механизам во контролата на сообраќајните правила и прописи – „Безбедна држава“ во многу да допринесе за подигање на нивото на сообраќајна култура и сообраќајна безбедност низ патиштата во државата. Поставувањето на камерите се очекува да биде завршено во текот на оваа 2025 година, а системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на затворен сигнал (црвено светло), возење со брзина поголема од дозволената, непрописно паркирање и друго.

Можете да прочитате

Меџити ветува илјадници вработувања, Минчев го обвинува за популизам

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Спасовски: Македонскиот јазик е европски и светски признат