Утрински Весник
Македонија

Казни за 42 автобуси за превоз на ученици, еден бил без лиценца

Четири автобуси и едно патничко возило вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на државата била спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.

dobivaj vesti na viber

При контролата било констатирано едно кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик поради возење без лиценца и 42 сообраќајни прекршоци.

Три возила биле упатени на вонреден технички преглед.

Според полицијата, сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија Груби дома

22 години од загинувањето на Борис Трајковски

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица