Утрински Весник
Македонија

Казни за 226 возачи за брзо возење

Казни за 226 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани 226 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 121 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 105 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење