Утрински Весник
Македонија

Казни за 156 возачи во Скопје, 24 за брзо возење

Казни за 156  возачи во Скопје, 24 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 156 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 24 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

dobivaj vesti na viber

Изречени биле 15 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР, и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Почина новинарката Валентина Базерко – 24info.mk

Три активни пожари во Македонија

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе бидат презентирани противпожарни возила