Утрински Весник
Македонија

Казни за 153 возачи во Скопје, 43 за брзо возење

36 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 153 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 43 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за непрописно престројување на возила.

dobivaj vesti na viber

Изречени биле и четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за возење под дејство на алкохол, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можете да прочитате

СДСМ: Борко Ристовски треба да си поднесе оставка за резил олимпијада и за хаосот во спортот

Левица: ДПМНЕ да го напушти менталитетот на опозиција – сојузот со заевизмот да го бараат кај себе

На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути