Утрински Весник
Македонија

Казнети 360 возачи за брзо возење

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (20.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 360 возачи. Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, од кои едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 202 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 158 надвор од населено место.

dobivaj vesti na viber

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Гаши за Илинден: Овој ден нека биде поттик за меѓусебно разбирање за доброто на татковината

Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е ден на обединување, Македонија мора да победи