Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 306 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 154 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за непочитување на првенство на минување.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.