Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Казнен налог за вработена во Центар за социјални работи, фалсификувала исправи

Казнен налог за вработена во Центар за социјални работи, фалсификувала исправи
300x250 opst2

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против 40-годишна вработена во Центарот за социјална работа – Кавадарци која се товари дека сторила кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Во периодот од ноември 2020 до август годинава, како службено лице – член на стручен тим, при постапување со доверени предмети, обвинетата внесувала невистинити податоци во наодите и мислењата.

Ваквите исправи ги потпишувала во име на останатите членови на стручниот тим, ги заверувала со службен печат и ги доставувала до директорот на Центарот за социјална работа за понатамошно постапување.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Кавадарци му предложи да ја огласи обвинетата за виновна и да ѝ изрече алтернативна мерка – условна осуда со која ќе ѝ утврди казна затвор во траење од три месеци која нема да се изврши доколку обвинетата не стори ново кривично дело во рок од две години по правосилноста на пресудата.​​

 

Можете да прочитате

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните

Каранфилова Пановска: Промените во Вевчани доаѓаат со Стефан Радиновски, да се избориме за нашиот дом!

Димитријевиќ од Дебрца: Пензионерите станаа жртва на лагите на Мицкоски и ДПМНЕ