Утрински Весник
Македонија

Казна затвор од седум години и шест месеци на зет за обид за убиство на семејството на неговата сопруга

20260120142706 big 730x400 3.webp.webp

Во Основниот суд во Штип денеска е објавена пресудата за обвинетиот С.К. за кривично дело „убиство во обид“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Портпаролот во Основниот суд во Штип, воедно и претседател на кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев информираше дека на С.К. казната затвор од седум години и шест месеци му е изречена за двајца оштетени, односно за обид за убиство на мајка на неговата сопруга, и нејзиниот брат. Исто така, му е продолжена мерката притвор до отпочнување на издржување на казната затвор.

Зетот од карбинското село Таринци лани на 3 август во дворот во семејната куќа во населба Баби во Штип, ги нападнал родителите и братот на неговата сопруга. Ден по враќањето од Германија, сега осудениот заедно со неговата сопруга и нивните малолетни деца биле на семеен собир кај родителите на сопругата, каде прво започнале вербална расправија, а потоа како што посочија оштетените, физичката пресметка била со дрвени бркалки, секири, па дури и со метална цевка, за на крај да завршат во болница. Зетот во својот исказ пред судот истакна дека не се чувствува за виновен, бидејќи не ги сторил делата кои му се товарат од страна на обвинителството.

Можете да прочитате

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите

Заврши интервјуирањето на кандидатите за членови на Комисијата за заштита од дискриминација

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, одобрен куќен притвор