Утрински Весник
Скопје

Казна од 2 450 евра за операторот со храна откако ученици од „Димо Хаџи Димов“ масовно се затруја

Oou dimo hadzi dimov 1024x461 1.jpg

Инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска повторно земаа брисеви од работните површини во кујната во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош со цел утврдување на нејзината безбедност, информираат од АХВ.

Исто така, додаваат оттаму, на вонредни здравствени санитарни прегледи се упатени и вработените во кујната, која ќе остане затворена сè до добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста.

Од Агенцијата додаваат дека ги добиле резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри храна и брисеви од работни површини, прибор, машини и од вработените лица во кујната во ООУ „Димо Хаџи Димов“ и од вонредните инспекциски контроли кои беа спроведени во кујните на деветте основни училишта во Општина Карпош со кои стопанисува истиот оператор со храна.

Според резултатите што ги добиле, од АХВ велат дека на операторот со храна му се изречени неколку парични казни во вкупен износ од над 2 450 евра во денарска противвредност.

Со земените мостри било потврдено дека послужената мусака не ги задоволува микробиолошките критериуми за безбедност, односно утврдено е присуство на ентеробактерии. За ова, операторот со храна е казнет со 600 евра, а одговорното лице со 300 евра.

„Од земените мостри храна и брисеви во рамки на превентивните вонредни контроли во деветте основни училишта, кај една мостра од храна (намаз) утврдено е присуство на бактерија ешерихија коли, за што е наредено намазот да се исфрли од употреба. Два од тестираните брисеви биле позитивни, но кај нив не е утврдено присуство на патогени бактерии“, соопшти АХВ.

За утврдените недоследности при вонредните контроли, на операторот со храна му биле изречени две парични казни по 900 евра. За непоседување сертификат за завршен курс по хигиена за едно лице и немање соодветни технички услови за работа, во две училишни кујни е изречена и вкупна казна од 650 евра во денарска противвредност.

Можете да прочитате

Повторно земени брисеви од кујната на „Димо Хаџи Димов“, во уште едно училиште во Карпош откриена ешерихија коли во намаз

Град Скопје со мерки до граѓаните за намалување на загадувањето

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје