Утрински Весник
Спорт

Кавани и уште тројца Уругвајци казнети за однесувањето на СП

Кавани и уште тројца Уругвајци казнети за однесувањето на СП

Единсон Кавани, Хозе Хименез, Диего Годин и Фернандо Муслера добија суспензии од ФИФА за нивното однесување по елиминацијата на Уругвај од Светското првенство во Катар.

dobivaj vesti na viber

По 2:1 победата над Гана, која не беше доволна да се помине Јужна Кореја на табелата, повеќето уругвајски фудбалери влегоа во расправии со судиите, додека Кавани го турна ВАР-мониторот поставен покрај теренот. Хименез и Муслера добија казна од четири меча, додека Кавани и Годин ќе отслужат казна од еден меч.

Бидејќи за Копа Америка во 2024 (која ќе се оддржи во САД), нема квалификации, четирите фудбалери можат да ги отслужат суспензиите во пријателските мечеви.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ