Утрински Весник
Македонија

Кавадарчанка измамена преку СМС, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра 

20260122123253 big 730x400 64.webp.webp

На 21.01.2026 во 15:45 часот во ОВР Кавадарци, 43-годишна кавадарчанка пријави дека на 20.01.2026 била измамена за сума од 29.930 денари.

Според пријавеното, на нејзината  електронска адреса добила лажна порака во име на Оддел за моторни возила при МВР за сторен сообраќаен прекршок и со насоки за електронско плаќање на казната, по што се регистрирала според дадените инструкции и ги оставила своите лични податоци.

Според пријавеното, подоцна добила известување дека од нејзината банкарска сметка бил извршен одлив на парични средства и сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Можете да прочитате

Лимани со Ахмети и Таравари на ифтар кај Рама во Тирана

Петровска: Како една од 120 пратеници им се извинувам на родителите од Кочани

Трагедија во Тафталиџе: Детето тропало по врати и барало помош