Утрински Весник
Македонија

Кавадарчанец пријавил пукање кон неговиот дом, оштетен бил ѕидот

Policzija.webp.webp

Кавадарчанец во полиција пријавил пукање кон неговиот дом при што бил оштетен ѕидот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци, Б.Н., 69-годишен кавадарчанец, пријавил дека во периодот од 24.01.2026 до 08.02.2026 било пукано кон неговиот дом во Кавадарци и бил оштетен ѕид, а на терасата биле пронајдени две испукани дијаболи – појаснија од СВР Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Можете да прочитате

Стојанче ѝ се заканувал на Ивана со објавување експлицитни видеа, сведочеше сведокот Саздов пред судот 

Петрушевски: Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга, тој ги искористил парите за инженеринг на референдумот за името

Стојанче ја тепал Ивана секој пат кога бил дрогиран, кажа сведокот