Утрински Весник
Македонија

Кавадарчанец лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка

Policija 5.webp.webp

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Синоќа во 19:20 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци. При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило „застава 101“ со неготински регистарски ознаки, било утврдено дека С.Ф. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,32 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР Велес.


Оттаму додадоа дека тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот