Утрински Весник
Спорт

Катарскиот шеик не се откажува од Јунајтед и покрај желбата на Глејзери да останат

Катарскиот шеик не се откажува од Јунајтед и покрај желбата на Глејзери да останат

Катарскиот милијардер шеикот Џасим Бин Хамад Ал-Тани останува сигурен дека ќе има договор за да го преземе Манчестер јунајтед и покрај вестите дека американското семејство Глејзер сака да остане сопственик на клубот и да донесе инвеститори во клубот.

dobivaj vesti na viber

Процесот на привлекување на инвеститори кај Јунајтед влезе во трета фаза, и газдите очекуваат нови понуди до крајниот рок на 29 април. Ова доаѓа по втората фаза во која шеикот, но и британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф го посетија клубот и дадоа понуди за целосно преземање на клубот, додека повеќе заинтересирани имаше за откуп на дел од акциите.

По вестите во англиските медиуми дека двајца од шесте браќа Глејзер сакаат да останат газди на „Олд Трафорд“, акциите на клубот паднаа за 13 отсто, но ова не е го загрижува шеикот кој е сигурен дека неговата понуда е најдобра, јавува „Гардијан“. Се верува дека тој нуди 4.5 милијарди фунти, со ветување дека ќе се помири долгот од 600 милиони фунти и ќе се инвестира на „Олд Трафорд“, во тренинг-центарот во Керингтон, како и голем буџет за засилувања.

Можете да прочитате

Ла Лига со критики за Винисиус

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа