Акциите на Манчестер јунајтед пораснаа за 6 отсто во средата, пред крајниот рок од 22 часот за новите понуди за клубот, зголемувајќи ги шпекулациите дека клубот, конечно, ќе биде продаден за рекордна сума од околу 6 милиони фунти.
Минатата недела, акциите на Јунајтед паднаа на најниското ниво во 2023 по вестите дека семејството Глејзер се „премислува“ за продажбата и најавите дека американската компанија „Елиот менаџмент“ (поранешни газди на Милан), е подготвена да инвестира во клубот, а Глејзери да останат сопственици.
Но, откако минатата недела, катарскиот тим предводен од шеикот Јасим и британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф го посетија „Олд Трафорд“, стана јасно дека плановите за продажба влегуваат во завршната фаза.
Според „Индепендент“, Глејзери сакаат 6 милијарди фунти за клубот, што би било рекордна цена платена за било кој спортски клуб, и Катарците се подготвени да ја достигнат оваа сума, додека Ретклиф, иако има средства за ваков трансфер, е загрижен за долговите кои ги има клубот и не е сигурен во превисоката цена.