Катарската државна компанија „Катар енерџи“, вториот најголем извозник на течен природен гас (ЛНГ) во светот, престана да испраќа танкери со гас преку Црвеното Море, иако производството продолжува, изјави анонимен извор од висок ранг, пренесуваат агенциите.
Изворот рече дека најмалку четири танкери со катарски ЛНГ биле приведени во текот на викендот по минатонеделните воздушни и поморски напади врз Јемен од страна на Соединетите Држави и Велика Британија како одговор на нападите на Хутите врз бродовите во Црвеното Море.
– Пауза е да се добијат безбедносни совети, доколку преминот преку Црвеното Море се уште е небезбеден, ќе тргнеме преку Ртот на добра надеж.
Минатата година, според податоците на лондонската агенција LSEG, Катар испорача повеќе од 75 милиони метрички тони течен природен гас, од кои 14 милиони тони беа испорачани на клиентите во Европа и 56,4 милиони тони на клиентите во Азија.