Утрински Весник
Спорт

Катар ќе биде домаќин на уште едно фудбалско натпреварување

Катар ќе биде домаќин на уште едно фудбалско натпреварување

Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) објави дека домаќин на Азиското првенство следната година ќе биде Катар, откако на Кина и беше одземено домаќинството поради континуираното спроведување на строгите мерки против ширењето на коронавирусот. Заедно со Катар, кој ќе биде домаќин на Светското првенство од 20. ноември до 18. декември годинава, кандидати за замена на Кина беа и Јужна Кореја и Индонезија.

dobivaj vesti na viber

„Во светот се восхитуваат на способностите на Катар како организатор на големи спортски настани. Катар обрнува внимание на деталите и ќе знае да приреди спектакл достоен за престижот што го има ова натпреварување“, рече претседателот на АФЦ Шеик Салман бин Ебрахим Ал Калифа.

На Азиското првенство, кое наместо во јуни и јули ќе се одржи кон крајот на 2023 година ќе учествуваат 24 репрезентации.

Изборот на Катар предизвика голема разочараност во Кужна Кореја. Оваа земја само еднаш била домаќин на Азискиот шампионат и тоа во далечната 1960 година. Од друга страна Катар беше домаќин во 1988 и 2011 година.

АФЦ исто така објави дека Саудиска Арабија или Индија ќе биде домаќин на првенството во 2027 година.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила